Научи дизајн за лого и визуелен идентитет од експерти – Благојче Кузевски, ментор во Monday Learning
Благојче Кузевски е истакнат ментор за дизајн за лого и визуелен идентитет на тренинг програмата за графички дизајн во Monday Learning. Неговата љубов кон графичкиот дизајн започна уште пред официјалниот старт на неговата кариера, кога самостојно дизајнираше постери за неговиот музички бенд и колеги од уметничкиот сектор. Овие рани искуства му помогнаа да развие силна основа во визуелната комуникација и дизајнот. Неговата професионална кариера како графички дизајнер започна во 2009 година. Од тој момент па се до ден денес, Благојче постојано се развива и усовршува во областа, со посебен фокус на дизајнот на лого и визуелен идентитет. Со времето, тој започна да работи на проекти од комерцијалниот сектор, каде што неговата способност да создава впечатливи и ефективни визуелни решенија го направи ценет професионалец во индустријата.
Овој блог е одлична прилика да се запознаете со искуствата на Благојче и да научите од неговите искуства за тоа како да успеете во динамичната и постојано развивачка област на графичкиот дизајн.
„Мојата цел е да ги опремам студентите со не само знаењето, туку и со самодовербата и вештините потребни за да се истакнат во оваа професија.”
Мојата стратегија за успешно пренесување на знаењето на студентите во Monday Learning се базира на разложување на комплексните информации во помали, појасни делови, кои потоа повторно се интегрираат во една логичка целина. Овој пристап помага да се направи процесот на учење помалку сложен и и значително подобрува го разбирањето на студентите. Користејќи оваа методологија, техниките за дизајн на лого и визуелен идентитет можат лесно да се следат и применат, што води до поголема ефективност во учењето.
„Секој дел од предавањата е мојот омилен дел, бидејќи секој сегмент носи придонес во формирањето на студентите како комплетни графички дизајнери.”
Почнувајќи од самото споделување на знаењето, секој аспект од процесот на предавање ми носи радост. Кога ја започнувам лекцијата, чувствувам ентузијазам да ги пренесам основните и напредните концепти на графичкиот дизајн на студентите. Постигнувањето на овие цели, од почетното споделување на знаењето до крајниот резултат на креативниот процес на студентите, ја потврдува важноста на секој дел од тренинг програмата. Секој сегмент, без разлика дали е теоретски или практичен, придонесува за целокупниот успех на студентите и е пресуден за нивниот развој како професионални графички дизајнери. Уживањето во секој дел од оваа патека ми дава дополнителна мотивација да продолжам со посветеност и страст во мојата работа како ментор.
„Секој нов проект, секоја нова вештина што ја научив, беше потврда дека се наоѓам на вистинскиот пат.”
На почетокот на мојата кариера, почувствував дека имам природна наклонетост кон дизајн. По примањето на позитивни повратни информации и охрабрувања од страната на моите први клиенти и колеги, се појави силен сигнал дека графичкиот дизајн може да биде област во која можам да се изразам и да ја следам својата желба. Тоа беше моментот кога мојата љубов кон дизајнот почна да се претвора во сериозна посветеност. Во текот на последните 15 години, мојата кариера во дизајнот се развива и расте, при што секоја нова дисциплина и проект ми даваат нови предизвици и можности за напредување.
„Мојот пристап кон графичкиот дизајн е стратегиски и систематски, што се одразува на целокупниот начин на кој го водам процесот на дизајнирање.”
Еден од најважните аспекти кој може да се пренесе е систематскиот пристап кон дизајнирањето, кој вклучува теорија на дизајн, различни рамки (frameworks) и алатки. Овие елементи нудат основа за создавање на ефективни дизајн решенија и помагаат на студентите да развијат вештини кои се клучни за успешен дизајнер. На пример, концепти како што се принципите на визуелна хиерархија, композиција и боја, како и методи за генерирање и тестирање на идеи, се дел од теоретската основа што се учи. Овие алатки ги водат студентите низ процесот на дизајнирање на систематски и организиран начин, што им овозможува да креираат ефективни и функционални решенија.
„Трендовите и алатките во графичкиот дизајн можат брзо да се менуваат, но основните принципи на дизајнирањето остануваат исти и се фокусираат на решавање на проблеми преку визуелна комуникација.”
Дизајнерското поле е мошне динамично и постојано се менува под влијание на технолошкиот напредок. Иако во иднина можеби ќе користиме различни алатки за дизајнирање од оние што ги користиме денес или во минатото, основните принципи на дизајн ќе останат непроменети. Сепак, активно ги следам новите трендови и ги интегрирам новите технологии во моето наставно работење. Ги охрабрувам студентите да ги истражуваат и применуваат иновациите кои ги нуди современата индустрија. Новата генерација на дизајнери треба да биде запознаена со најновите трендови и технологии, но истовремено, тие треба да ги разберат и применат основните принципи кои се фундаментални за секој успешен проект.
„Истражувачките проекти ми помагаат да ја анализирам различните аспекти на брендот, од тоа како е позициониран на пазарот до неговото влијание на целната публика.”
Моите истражувачки напори резултираат со различни проекти, продукти и едукативни содржини на кои активно работам во последно време. Еден од актуелните проекти на кои работам е веб апликација за дефинирање на системи за бренд imagery. Оваа иновација им овозможува на организациите автоматско курирање на библиотека од stock и генерирани фотографии, според конкретни бренд параметри и атрибути кои самите организации ги поставуваат. Системот е дизајниран да биде автентичен на бренд идентитетот на организациите, што значи дека го одразува и зајакнува нивниот визуелен иденитет на највисоко ниво. Дополнително, работам на развој на дизајн алатки како brainstorming картички, кои се користат во креативниот процес за брзо и рационално донесување на дизајн одлуки и дефинирање на креативни дирекции.
„Уникатниот и впечатлив бренд идентитет ѝ овозможува на организацијата да се истакне меѓу конкурентите и да создаде силен прв впечаток кај целната публика.”
Во денешниот конкурентен пазар, организациите се соочуваат со растечка потреба да се истакнат и да привлекуваат внимание во морето на слични производи и услуги. Повеќе од било кога, е од суштинско значење да имаат препознатлив, автентичен и конзистентен бренд идентитет. Овој идентитет не само што ја одразува уникатната природа на организацијата, туку и создава силна врска со целната публика. Градењето и одржувањето на силен визуелен идентитет е основа за изградба на трајна вредност и конкурентска предност на современиот пазар.
„Совладувањето на принципи на дизајнот е суштински чекор за секој кој се стреми да навлезе и просперира во динамичното поле на графичкиот дизајн.”
Во оваа динамична средина, многу брзо можете да преминете од почетник до сениор, но исто така и да се соочите со предизвици од искусни дизајнери и напредни технологији. Затоа, мој совет е да се фокусирате на изучување на основните принципи на дизајн.. Изучувањето на принципите на дизајн, развивањето на креативни вештини и разбирањето на визуелната комуникација претставуваат три клучни аспекти кои ќе ви помогнат да изградите успешна кариера во графичкиот дизајн.
„Програмата на Monday Learning е создадена да ги подготви нашите студенти да бидат успешни и конкурентни во индустријата на графичкиот дизајн.”
Главната предност на програмата е нејзиниот фокус на реални проекти. Модулите се дизајнирани така што веднаш по изложувањето на нови информации, студентите имаат можност активно да работат на реални проекти. Овој практичен пристап не само што ја продлабочува нивната теоретска основа, туку им овозможува и да ги применат стекнатите знаења во реални услови. На овој начин, студентите се соочуваат со вистински предизвици и имаат можност да развијат дизајн интуиција која ќе им биде од непроценлива корист во нивната кариера.
Местата за програмата се ограничени. Резервирај го твоето место навреме тука.