Monday Learning Aлумни: Со тренинг програма до кариера во графички дизајн
Графичкиот дизајн е една од најдинамичните и креативни професии, каде што уметноста и технологијата се спојуваат за да создадат моќни визуелни приказни. Започнувањето кариера како графички дизајнер може да биде возбудливо, но и предизвикувачко патување. За многу од нашите студенти на тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning, ова патување започнува со желба за креативен израз, а продолжува со стекнување на практични вештини и самодоверба да се справат со реални проекти и клиенти во индустријата.
Во овој блог, Марија Старковска, една од најуспешни студенти на тренинг програмата за графички дизајн ни споделува како програмата на Monday Learning ѝ помогна да ги надмине предизвиците и да ги изгради вештините неопходни за да стане успешен графички дизајнер. Во продолжение прочитајте повеќе за нејзините искуства, предизвици и визија за иднината.
Можеш ли да ни раскажеш за еден од најинтересните проекти на кој работеше откако ја заврши тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning и како истата ти помогна при работата на тој проект?
– Тука би го издвоила проект за лого и брендирање на музичка продукција. Сметам дека е еден од најинтересните проекти на кои имам работено бидејќи беше и доста комплексен и опфаќаше комплетно создавање на бренд и препознатливост вклучувајќи дизајн на лого, разни решенија на дизајн за социјални медиуми, брендирање на студио и дизајн на рекламни материјали за печатење. Програмата за графички дизајн и посветеноста на сите ментори се заслужни за мојата успешна работа на овој проект, бидејќи тие ме научија на концептуално размислување, истражување и правилно користење на сите алатки.
Која беше најважната лекција што ја научи на тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning како таа ти помогна да се развиеш како професионалец во индустријата?
– Најважната лекција што ја научив на програмата за графички дизајн на Monday Learning беше како да ја балансирам креативноста со функционалноста. Научив дека дизајнот се фокусира на решавање на проблеми и комуницирање на идеи на јасен и ефективен начин. Оваа лекција ми помогна да го развијам мојот професионален пристап кон работата, дозволувајќи ми да креирам дизајни кои не само што се визуелно привлечни, туку и исполнуваат специфични цели на клиентите. Благодарение на ова, сега имам способност да работам со поголема самодоверба на проектите.
Како еден успешен графички дизајнер, како остануваш во тек со најновите трендови и технологии во креативната индустрија?
– Следењето на најновите трендови и технологии е можеби и најголемиот предизвик во графичкиот дизајн. Според мене најефикасни начини се следењето на дизајн платформи, блогови и социјални мрежи на кои можам да видам проекти од други дизајнери и начинот на кој ги интегрираат новите трендови и алатки. Овие методи често ги комбинирам и со онлајн курсеви и туторијали кои се достапни во било кое време
Кои се најголемите предизвици со кои се соочуваш како графички дизајнер денес и што би им препорачале на идните студенти на Monday Learning кои сакаат да се занимаваат со графички дизајн?
– Еден од најголемите предизвици со кои се соочувам е одржувањето на уникатноста и креативноста во време кога визуелните трендови се менуваат брзо, а конкуренцијата е голема. Исто така, постојаната потреба да се прилагодувам на нови алатки и технологии бара континуирано учење и усовршување. На идните студенти на Monday Learning би им препорачала да бидат отворени за учење и експериментирање. Графичкиот дизајн е област која бара страст и посветеност, но и способност за прилагодување на промени. Исто така, развивањето на комуникациски вештини е клучно, бидејќи успешното презентирање на идеи и соработка со клиенти и тимови е од суштинско значење.
И за крај Марија, каде се гледаш себеси во иднина? Дали имаш некои цели или амбиции што би сакала да ги постигнеш во твојата кариера како графички дизајнер?
– Себеси се гледам како графички дизајнер кој продолжува да расте и да се усовршува во областа. Една од моите главни цели е да го надоградам своето знаење во областа на UX/UI дизајн, бидејќи гледам голем потенцијал во поврзувањето на визуелната естетика со функционалноста на дигиталните продукти. Исто така, сакам да работам на повеќе креативни и амбициозни проекти кои ќе ми овозможат и континуирано учење и посветеност на професионалниот развој.
Ако и ти сакаш да започнеш успешна кариера како графички дизајнер, пријави се на тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning која започнува во септември. Не ја пропуштај можноста да учиш од најдобрите во индустријата и да се стекнеш со вредни познавања и вештини кои ќе те донесат чекор поблиску до успешна кариера во креативната индустрија.
Резервирај место тука.