Monday Learning Aлумни: Од студент до професионален графички дизајнер
Започнувањето на кариера во графички дизајн бара време, посветеност и креативна визија. Со вистинските ресурси и упорност, можеш да изградеш успешна кариера во оваа динамична индустрија. Тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning е создадена за сите амбициозни поединци кои сакаат да стекнат практични вештини и да создаваат иновативни проекти во полето на графичкиот дизајн. Во овој блог, разговараме со Бојан Картелов, уште еден успешен студент на Monday Learning кој денеска веќе работи како графички дизајнер. Бојан ја споделува својата инспиративна приказна за почетокот на неговата кариера и споделува како тренинг програмата за графички дизајн му помогна да ја развие својата креативност и професионални вештини, и да се стекне со вредни познавања кои му отвориja врати кон нови можности во индустријата.
Дали можеш да ни раскажеш за еден од најинтересните проекти на кои работеше по завршувањето на тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning и како стекнатите вештини и знаења од програмата ти помогнаа во реализацијата на тој проект?
Еден од најинтересните проекти на кои работев по завршувањето на програмата за графички дизајн во Monday Learning беше дизајнот на постер. Тренинг програмата значително ми помогна да ги разберам разликите помеѓу различните типови на layouts и grid systems. Со овие нови вештини, успеав да создадам балансирани и визуелно атрактивни постери, што ја подобри ефективноста на моите дизајни и го зголеми нивниот визуелен импакт.
Кое е најзначајното искуство што го стекна од програмата за графички дизајн и како тоа влијаеше на твојот професионален развој?
Секој аспект од програмата за графички дизајн беше значаен на свој начин, бидејќи таа нуди целосно покривање на темата, од основните до напредните техники. Програмата ми посочи јасен пат за продолжување на моето дизајнерско учење. Кога имав прашања, секогаш можев да се обратам до моите ментори. Работејќи на сопствени проекти, како што се photo-manipulation, дизајн на постери и логотипи, секојдневно стекнував нови вештини и го продлабочував своето знаење.
Како успеваш да останеш во тек со најновите трендови и технологии во графичкиот дизајн?
Јас лично користам онлајн ресурси за следење на новите трендови и технологии во графичкиот дизајн. На пример, за дизајн на логотипи, го следам дизајнерот Will Patterson, додека за дизајн на постери следам design.syndrome. За photo-manipulation, се инспирирам од работата на Benny’s-Production. Со редовно следење на овие дизајнери, останувам актуелен и запознат со најновите иновации во индустријата.
Каков совет би им дал на идните студенти на Monday Learning кои сакаат да се занимаваат со графичкиот дизајн?
Мој совет за идните дизајнери и студенти на тренинг програмата на Monday Learning е да не се откажуваат. Ова е само почеток на патот, и со време, посветеност и континуираност, можете да достигнете вашата „работа од соништата“. Следете ги денешните трендови, работете на подобрување на вашето портфолио, специјализирајте се во една или две области како што се дизајн на постери, логотипи, photo-manipulation, 3D дизајн, motion дизајн или UI/UX. Посветената работа и упорност можат да доведат до можности за работа од дома или од плажа, како и до создавање на пасивен приход. Уживајте во процесот и имајте верба во своите способности!
И за крај Бојан, дали можеш да ни откриеш каде се гледаш себеси во иднината? Какви цели и амбиции имаш во својата кариера како графички дизајнер и што би сакал да постигнеш?
Во иднина, себе си се гледам како сопственик на онлајн агенција за маркетинг и социјални медиуми. Покрај тоа, планирам да се ангажирам како консултант и да дадам онлајн совети за дизајн, користејќи ги социјалните мрежи како главна алатка за комуникација и споделување на знаењето. Социјалните мрежи се незаменливи за дизајнерите и мислам дека се идеален начин да допрам до поширока публика и да им помагам на другите во нивниот креативен развој.
Придружи се на следната група на тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning, која започнува во септември.
Уписите се во тек.
Резервирај го твоето место тука.