Ментори во Monday Learning: Емилија Ристевска експерт за Adobe Photoshop
Емилија Ристевска е графичка дизајнерка со долгoгодишно искуство и успешно портфолио кое опфаќа работа на креативни кампањи за над 30 компании и е дел од тимот ментори на тренинг програмата за графички дизајн во Monday Learning. Веќе три години е дел од тимот на креативната агенција Monday, каде што работи графички дизајн за социјали медиуми, дизајн за печатење, а експерт е за алатката Adobe Photoshop. Од октомври минатата година e менторка за Adobe Photoshop на тренинг програмата за графички дизајн.
Денес ни раскажува за нејзината мотивација за графички дизајн, предизвиците на секој кој започнува со учење графички дизајн и патот до стекнување експертски знаења.
„Идејата што сѐ може да се реализира во реален проект со цел да се пренесе некаква порака – ме фасцинираше.“
Се започна пред 7 години додека бев на факултет и дознав за графичкиот дизајн. Идејата што сѐ може да се реализира во реален проект со цел да се пренеси некаква порака, ме фасцинираше. Додека бев последна година на факултет, започнав самостојно да учам дизајн, за една година подоцна по завршувањето на факултетот да се запишам на курс за графички дизајн. По завршувањето на курсот, веднаш започнав на пракса, а потоа се вработив во Monday и тоа трае до ден-денес.
„Преку секојдневното работење со различни клиенти во Monday, секој ден сум чекор понапред со актуелните барања од индустијата на графички дизајн.“
3 и пол годишното работење на различни клиенти во Monday дигиталната агенција придонесе многу за моето разбирање на графичкиот дизајн. Додека пак, различните проекти значат нови предизвици и даваат можност за константно учење нови работи. Имам работено за голем број различни бизниси од различни индустрии секој од нив со различни барања за графички дизајн. Секој проект е посебен предизвик. Можам дека кажам дека омилена програма ми е Adobе Photoshop заради тоа што нуди огромен број на опции и можности кои студентите ќе имаат можност да ги научат од мене за време на тренинг програмата за дизајн.
„Сакам нови работи и нови предизвици а да се биде инструктор е голем предизвик.“
Во Monday Learning се вклучив како менторка минатата година во октомври. Сакам нови работи и нови предизвици, а да се биде инструктор е голем предизвик. Можноста да го пренесам моето знаење на студентите преку едноставен начин, и да помогнам во било кое време е посебно инспиративна, бидејќи и јас започнав како нив.
„Модулот Adobe Photoshop е особено важен за секој графички дизајнер.“
Модулот опфаќа целосна слика и стекнување на основно и напредно знаење во полето на дизајн и алатките за дизајнирање. Се работи на креирање на визуелни решенија и фотоманипулации, користејќи основни и напредни функции и техники. Се започнува со запознавање на интерфејсот и изучување на алатките, напредна композиција, напредна фотоманипулација, smart objects, mock-ups, напредни филтри, photo editing, изработка на постер и др.
„Учесниците на програмата за графички дизајн ги очекуваат многу интересни предизвици за на крајот да излезат спремни со знаења на многу барани дигитални вештини.“
Програмата е наменета за апсолутни почетници со желба за учење и креативност која сакаат да ја надоградат како професионалци во оваа област. На програмата се учи се. Од запознавање со историјата на графичкиот дизајн; основите на дизајнот; како да размислувате како дизајнер и како да стигнете до работно место.
Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат дел од студентите е недоволен континуитет во работата. Секој кој ќе се приклучи на програмата важно е да знае дека работа, упорност и константно истражување даваат резултати и квалитет. Треба постојано да се вежба за побрзо и подобро учење на графичкиот дизајн. Ќе ја имаат целосно поддршката од менторите во решавањето на предизвиците и олеснување на процесот на учење, и затоа треба тоа да го искористат максимално преку поставувања на прашања и вежбање.
„Програмата во Monday Learning е направена токму според она што тековно се бара од индустријата.“
Самото учење е еден комплексен процес кој треба да се фокусира на најрелевантните техники и вештини. Програмата во Monday Learning е направена токму според она што тековно се бара од индустријата. Брзо и ефикасно учење е карактеристика на оваа програма. Успехот кој што го достигнуваат студентите после завршувањето е навистина значителен. На идните колеги графички дизајнери им препорачувам да ја изберат програмата во Monday Learning бидејќи ќе имаат сериозно водство во текот на учењето од страна на менторите. Посветеноста на менторите која што ја имаат кон студентите, и поддршката во решавање на предизвиците го олеснуваат процесот на учење. Дополнително, има можности и насоки за тоа како полесно да се стигне до пракса или работа по завршувањето на програмата.
Уписите за тренинг програмата за графички дизајн се во тек. Искористи го твојот креативен потенцијал за започнување кариера во индустријата на графички дизајнери. Пријави се денес.