Дизајните на Емилија Миткова од Tренинг Програмата за Графички Дизајн на Monday Learning
Во овој блог ве запознаваме со уште една креативна учесничка на тренинг програмата за графички дизајн, Емилија Миткова, која се приклучи на програмата со цел да ги спои своите уметнички вештини со современите дигитални алатки. Тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning е дизајнирана да ги обезбеди учесниците со сите потребни знаења и вештини за старт на успешна кариера во оваа област.
Во овој блог, Емилија ни споделyва неколку од нејзините највпечатливи дизајни и ни раскажува за нејзинито искуство на тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning.
„Инспирирана бев од комбинацијата на уметност и дигитални алатки.“
Инспирацијата за да се запишам на тренинг програмата за графички дизајн дојде од желбата да ги комбинирам моите уметнички вештини со модерните дигитални алатки. Сакав да научам како да создадам професионални и иновативни дизајни кои не само што ќе бидат визуелно привлечни, туку и функционални и комуникативни. Дополнително, видов дека графичкиот дизајн има огромна улога во многу индустрии, од маркетинг и рекламирање до веб дизајн и мултимедија. Оваа перспектива за разноликост и можности за работа ме мотивираше уште повеќе да се посветам на оваа област.
„Работењето на проектот за трката ‘Трчај Бе’ ми овозможи креативно да се изразам и да работам со различни визуелни стилови и техники.”
Еден од најинтересните проекти беше дизајнирање на постери што ја претставува трката Трчај Бе која ќе се одржа во истата недела со фестивал на филмот МАНАКИ во Битола. Овој проект ми овозможи да се изразам креативно и да работам со различни визуелни стилови и техники. Главниот предизвик беше да се создаде постер кој ќе привлече внимание и ќе го комуницира духот на настанот.
„Менторите се вистински професионалци со страст за дизајн.“
Квалитетот на менторите беше највпечатливиот аспект од методологијата и пристапот на Monday Learning. Секој ментор донесе богато искуство и знаење во предавањата, а нивната страст за дизајн беше очигледна на секоја лекција. Тие беа секогаш достапни за да дадат насоки и поддршка, нудејќи вредни повратни информации што ми помогнаа да ги усовршам моите вештини.
„Програмата на Monday Learning ми помогна да ги усовршам моите дизајнерски способности.“
Програмата за графички дизајн на Monday Learning ми помогна да го отклучам мојот креативен потенцијал и да ги подобрам моите професионални вештини. Константното работење на практичните вежби, реалните проекти и стручните насоки ми овозможија да истражувам нови техники и да ги усовршам моите дизајнерски способности за кои без нивна поддршка и помош не би ги стекнала толку брзо. Програмата беше внимателно осмислена за да ги опфати сите аспекти на графичкиот дизајн, овозможувајќи ми да ги усовршам моите вештини и да научам нови техники.
„Запишувањето на тренинг програмата на Monday Learning може да биде една од најдобрите одлуки за вашата кариера.”
Запишувањето на тренинг програмата на Monday Learning може да биде една од најдобрите одлуки за вашата кариера во графичкиот дизајн, вели Емилија. За да го извлечете максимумот од ова искуство, потребно е да се подготвите за интензивна работа – вежбањето е клучно за усвојување на новите вештини. Искористете го знаењето и искуството на менторите, прифатете го фидбекот и со тоа изградете професионално портофолио. Силно ја препорачувам тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning на сите кои сакаат да учат од најдобрите во индустријата.
Биди дел од следната група на графички дизајнери кои започнуваат со изучување на тренинг програмата за графички дизајн во септември 2024.
Уписите се во тек!
Пријави се тука.