Monday LearningГрафички дизајн Дизајните на Eлена Бошевска од тренинг програмата за графички дизајн во Monday Learning
Програмата за Графички Дизајн: Модул Лого Дизајн

Дизајните на Eлена Бошевска од тренинг програмата за графички дизајн во Monday Learning

Во оваа блог објава ќе ви ја претставиме Елена Бошевска, посветена учесничка на интензивната 3-месечна тренинг програма за графички дизајн во Monday Learning. Оваа програма е дизајнирана да ги обезбеди студентите со основните и напредни вештини потребни за успешно работење во полето на графичкиот дизајн. Програмата нуди практични вежби, реални проекти и менторство од искусни професионалци. Елена споделува со нас што ја привлече кон светот на графичкиот дизајн и ни открива дел од нејзините дизајни изработени за време на програмата.

„Креативниот процес ме возбудува и уживам во предизвикот да направам нешто убаво.“

Мотивот кој ме инспирираше да се запишам на тренинг програма за графички дизајн е начинот на кој идеите можеме да ги претвориме во визуелни приказни, раскажува Елена. Креативниот процес ме возбудува и уживам во предизвикот да направам нешто убаво и значајно.

„Oмилените проекти на кои работев за време на програмата беа од модулот за Дизајн и припрема за печатење.”

Секој проект беше уникатен и носеше свој сопствен креативен предизвик но едни од омилените проекти на кои работев за време на програмата беа од модулот за Дизајн и припрема за печатење. Помислата да дизајнираш прозивод од нула е доста предизвикувачка и инспиративна.

„Секој ментор донесе богато искуство и знаење во предавањата.”

Во однос на што најмногу ми се допадна во методологијата и пристапот на Monday Learning дефинитивно беше квалитетот на менторите. Секој ментор донесе богато искуство и знаење во предавањата, а нивната страст за дизајн беше очигледна на секоја лекција. Тие беа секогаш достапни за да дадат насоки и поддршка, нудејќи вредни повратни информации што ми помогнаа да ги усовршам моите вештини.

„Tренинг програмата ме научи многу за некој што нема никакво познавање од графички дизајн.”

Можам искрено да кажам дека тренинг програмата ме научи многу за некој што нема никакво познавање од графички дизајн. Од основите на графичкиот дизајн па се до тоа како да станеш професионален графички дизајнер и самостојно да работиш на реални проекти за само 3 месеци што е навистина воодушевувачки.

„Програмата за графички дизајн во Monday Learning ми помогна да го отклучам мојот креативен потенцијал.”

Програмата за графички дизајн на Monday Learning ми помогна да го отклучам мојот креативен потенцијал и да ги подобрам моите професионални вештини. Континуираното работење на практичните вежби, реалните проекти и стручните насоки ми овозможија да истражувам нови техники и да ги усовршам моите дизајнерски способности за кои без нивна поддршка и помош не би ги стекнала толку брзо.

„Силно ја препорачувам тренинг програмата за графики дизајн на Monday Learning на сите кои сакаат да учат од најдобрите во индустријата.”

Monday learning – Влегуваш збунет и во дилема а излегуваш со самодоверба и полн со знаење. Можам со сигурност да кажам дека ќе ја направат најдобрата одлука и нема да згрешат. Силно ја препорачувам Monday learning на сите кои сакаат да ги подобрат своите дизајнерски вештини и да учат од најдобрите во индустријата.

Бидете дел од следната група на графички дизајнери кои започнуваат со изучување на тренинг програмата за графички дизајн во септември 2024.
Уписите се во тек!
Пријавете се тука.