Дизајните на Мирјана Обедниковска од тренинг програмата за графички дизајн
Мирјана Обедниковска е една од вредните учесници на тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning. Инспирирана од претходен курс за графички дизајн со еден од менторите на Monday Learning, таа одлучи да ги надгради своите уметнички вештини и да ги совлада современи дигитални алатки на 3-месечната тренинг програма за графички дизајн во Monday Learning. Во продолжение, Мирјана ги споделува своите импресии и искуства од програмата, како и дел од нејзините иновативни дизајни.
„Тренинг програмата на Monday Learning се издвојува од другите курсеви за графички дизајн.“
Пред неколку години посетував еднонеделен курс за графички дизајн кој го одржуваше еден од менторите на Monday Learning. Можам да кажам дека тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning се издвојува од другите курсеви за графички дизајн поради подготвеноста на менторите кои вистински се трудат да го споделат своето знаење и искуство во графичкиот дизајн, што е вистинска реткост дури и во некои од најпознатите едукативни центри. Токму ова беше и мојата најголема мотивација да се запишам на тренинг програмата во Monday Learning, ни споделува Мирјана.
„Еден од најинтересните и најпредизвикувачки проекти е дефинитивно изработка на Постер во Photoshop.“
За мене, еден од најинтересните и најпредизвикувачки проекти е дефинитивно изработка на постер во Photoshop. Но тука би го дадала и модулот Вовед во графички дизајн бидејќи навистина е предизвик да се разберат различните стилови графичкиот дизајн во краток период.
„Менторите несебично го споделуваа нивното професионално знаење и секогаш беа достапни да нѐ насочат при изработката на вежбите.“
Тоа што најмногу ми се допадна во однос на методологијата и пристапот на Monday Learning, е тоа што менторите секогаш го споеделуваа своето професионално знаење, и секогаш се достапни да нѐ насочат при изработката на вежбите. Уште едно нешто коешто ми се допадна во програмата на Monday Learning е што речиси во сите модули има вежба со брифинг од клиенти што исто така е од големо значење за фриленс графички дизајнери – раскажува Мирјана.
„Научив многу нови вештини и техники.“
Со тренинг програмата успеав да ги научам потребните алатки за еден графички дизајнер, но севкупно имав можност да го увидам процесот за изработка на реален проект, а тоа не можеш да го добиеш секаде.
„Тренинг програмата ми помогна да ја усовршам професонална изработка на лого дизајн.”
На тренинг програмата за графички дизајн имав можност да се стекнам со многу нови познавања. Првично професонална изработка на лого е дефинитивно една од новите техники што ги научив во текот на тренинг програмата, споделува Мирјана. Често гледајќи го крајниот резултат – самото лого – изработката на лого се чини едноставна, но во текот на програмата научив како професионално да изработувавам лого (почнувајќи од истражување, изработка на концепт па се до изработка на професионална презентација за клиент). Исто така, во модулот за Социјални медиуми беа интересни изработките на Carousell story за Инстаграм и видео во Photoshop.
„Ретки се менторите кои ќе ви го пренесат своето знаење како што тоа го прават менторите на Monday Learning.“
Има доста едукативни програми за графички дизајн кои можат и сигурно ќе ве научат на техничкиот дел од графичкиот дизајн, но ретки се менторите кои ќе ви го пренесат своето знаење, односно најважниот дел, грешките кои не треба да ги правите. Овие грешки се разликата помеѓу професионален графички дизајнер и почетникот, и токму затоа, топло ја препорачувам тренинг програмата на Monday Learning на сите кои сакаат да започнат професионално да работат во креативната индустрија.
Придружи се на следната група графички дизајнери која ќе започне со тренинг програмата за графички дизајн во септември 2024 година.
Уписите се во тек. Пријави се и искористи го Early Bird попуст од -20%!