Научи дизајн за социјални медиуми од експерти – Емилија Ристевска, ментор за Аdobe Photoshop во Monday Learning
Емилија Ристевска е графички дизајнер со долгогодишно искуство и ментор за Adobe Photoshop на тренинг програмата за графички дизајн во Monday Learning. Таа веќе три години е важен дел од тимот на креативната агенција Monday, каде што работи во графички дизајн за социјални медиуми и дизајн за печатење. Како експерт за Adobe Photoshop, Емилија ги применува своите знаења за оваа алатка за да креира сложени и иновативни визуелни содржини. Од октомври минатата година, Емилија ја прошири својата улога и како менторка во Monday Learning, каде што предава Adobe Photoshop во рамките на тренинг програмата за графички дизајн. Како менторка, таа го споделува своето богато искуство и експертиза со студентите, помагајќи им да развијат вештини и да го совладаат софтверот на највисоко ниво.
Денес, Емилија Ристевска ни раскажува за нејзината мотивација за графички дизајн, предизвиците со кои се соочуваат оние кои започнуваат со учење на оваа дисциплина, и патот до стекнување експертски знаења во полето на графичкиот дизајн.
„Модулот Adobe Photoshop е клучен за секој графички дизајнер и претставува основа за развој на вештини во дизајнот.“
Овој модул нуди сеопфатно изучување на Adobe Photoshop, обезбедувајќи основно и напредно знаење потребно за успешно работање во полето на графичкиот дизајн. Во рамките на модулот, студентите ќе се запознаат со интерфејсот на Photoshop и ќе ги изучат основните алатки, како и напредните техники кои се користат за креирање на визуелни решенија и фотоманипулации. Програмата започнува со основи и запознавање основните алатки на Photoshop. Потоа, се преминува на напредни аспекти на дизајнот, како што се напредна композиција и фотоманипулација. Студентите ќе научат како да користат smart objects за поефикасно управување со слоеви и композитни елементи, како и како да создаваат mock-ups за визуелизација на дизајнерските проекти во реален контекст.
„Фасцинирана сум од идејата како може да се реализираат разни концепти во реален проект со цел да се пренесе одредена порака.“
Во последната година од моите студии, дознав за графичкиот дизајн и започнав самостојно да учам. Решив да го унапредам своето знаење и се запишав на тренинг програма за графички дизајн. По завршувањето на тренинг програмта, веднаш започнав со пракса во графички дизајн,а потоа се вработив во Monday, креативната агенција која ми овозможи да продолжам со развивање на моите вештини и да работам на различни проекти. Моето работно место во Monday продолжува и денес, каде што континуирано се развивам како графички дизајнер и се соочувам со нови предизвици и можности во оваа професија.
„Имам голема желба за нови искуства и предизвици, а улогата на ментор ми овозможува да се соочам со уникатни предизвици и можности за раст.“
Сакам да се занимавам со нови работи и да се соочувам со различни предизвици, а работата како инструктор ми дава уникатна можност да ги пренесувам моите знаења и искуства на студентите на начин што е едноставен и разбирлив. Имам можност да им помогнам на студентите околу техниките за графичкиот дизајн, да ги поддржам во нивното учење и да ги водам низ процесот на изработка на проекти. Оваа улога е особено инспиративна за мене бидејќи, кога започнав со графичкиот дизајн, поминував низ слични предизвици и знам колку е важна поддршката и упатството во тој период.
„Работејќи со различни клиенти секој ден во Monday, постојано напредувам и се прилагодувам на најновите трендови и потреби во графичкиот дизајн.“
Работата со широк спектар на бизниси од различни индустрии ми помогна да се стекнам со искуство, бидејќи секој клиент има свои специфични потреби и визија. Благодарение на овие проекти, успеав да се запознаам со различни аспекти на графичкиот дизајн и да развијам своите вештини во создавањето на персонализирани и ефективни визуелни решенија.Мојата омилена програма е Adobe Photoshop, поради својата флексибилност и широк спектар на опции и можности. Овој софтвер нуди алатки за креирање на визуелни решенија и фотоманипулации, што го прави незаменлив во мојата работа. За време на тренинг програмата за графички дизајн, ќе имам прилика да ги пренесам овие вештини на студентите, помагајќи им да ги овладаат техниките и функциите на Adobe Photoshop.
„Учесниците на програмата за графички дизајн ќе се соочат со многу интересни проекти и задачи на модулот за Adobe Photoshop, кои ќе ги подготват за успешна кариера во оваа динамична индустрија.”
Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат студентите е одржувањето на континуитетот и посветеноста во работата. Успехот во графичкиот дизајн бара упорност, редовно практикување и константно истражување на нови техники и трендови. Студентите ќе се соочат со различни предизвици и задачи, но важно е да ја одржат мотивацијата и да се посветат на учењето. За среќа, програмата нуди целосна поддршка од менторите, кои ќе им помогнат на студентите да ги решат проблемите и да го олеснат процесот на учење. Студентите се охрабруваат да ги искористат можностите за поставување на прашања и активно вежбање, за да можат да го усвојат материјалот и да го применат во практични проекти. Програмата не само што ги подготвува студентите за кариера во графичкиот дизајн, туку им помага да развијат самодоверба и вештини потребни за успешен професионален пат.
“Програмата на Monday Learning е внимателно осмислена за да одговори на актуелните барања и трендови во индустријата на графички дизајн.”
Програмата на Monday Learning е внимателно осмислена за да ги покрие најактуелните барања и трендови во индустријата на графички дизајн. Преку интеграција на иновативни методи и практични примери, оваа програма им овозможува на студентите да учат брзо и ефикасно, а резултатите што ги постигнуваат по завршувањето се навистина значајни. Еден од клучните аспекти на програмата е нејзината способност да ги подготви студентите за реалните предизвици во индустријата. Со строго фокусирање на современи техники и алатки, програмата им нуди на студентите практично искуство кое е директно применливо во професионалната средина. Програмата е структурирана така што студентите добиваат целосно разбирање на принципите на графичкиот дизајн и развиваат вештини што се високо ценети од работодавците.
Уписите за тренинг програмата за графички дизајн се во тек. Искористи го твојот креативен потенцијал за започнување кариера во индустријата на графички дизајнери.
Пријави се денес.