Monday LearningГрафички дизајн Дизајните на Анастасија Мишевска од тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning
Програмата за Графички Дизајн: Модул Лого Дизајн

Дизајните на Анастасија Мишевска од тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning

Анастасија Мишевска е уште една амбициозна и таланетирана учесничка на тренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning, која одлучи да го следи својот сон и да ги надгради своите уметнички способности со современи дигитални алатки. Тренинг програмата за графички дизајн е дизајнирана според концепт „учење за работа“ со комбинација од предавања, практични работилници, тимска работа и чекор по чекор учење на практични алатки, кои ќе ти помогнат успешно да зачекорите во светот на графичкиот дизајн. Во продолжение на овој блог, Анастасија ги споделува нејзините импресии и искуството од тренинг програмата, и дел од нејзините најкреативни дизајни.

„Желбата да учам од професионалци ме инспирираше да се запишам на тренинг програмата за графички дизајн.“

„Желбата да научам за тема која отсекогаш ме интересирала и тоа не од било кој, туку од професионалци со долгодишно искуство од таа сфера, беше мојот главен мотив за да се запишам на тренинг програмата за графички дизајн,“ споделува Анастасија.

„Секој проект беше уникатен и предизвикувачки.“

„Со оглед на големиот број проекти кои ги добивавме, секој проект имаше свои предизвици,“ вели Анастасија. „Сепак, најинтересни би ги издвоила проектите за илустратор и Дизајн и припрема за печатење.”

„Интерактивноста и професионалниот пристап на менторите беше највредниот дел.“

Во однос на методологијата и пристапот на Monday Learning, Анастасија истакнува: „Интерактивноста и пријателскиот но сепак професионален пристап на менторите ми остави најголем впечаток.”

„Научив многу нови вештини и техники.“

Со тренинг програмата успеав да ги научам потребните алатки за еден графички дизајнер, но севкупно имав можност да го увидам процесот за изработка на реален проект, а тоа не можеш да го добиеш секаде.

„Тренинг програмата ми помогна да го развијам мојот креативен потенцијал и професионални вештини.”

Преку правилни насоки, собери и мотивација за изведбата на подобар дизајн, тренинг програмата на Monday Learning ми помогна да го развијам мојот креативен потенцијал и професионални вештини,“ додава Анастасија. „Работењето на практични вежби и реални проекти ми овозможи да истражувам нови техники и да ги усовршам моите дизајнерски способности.“

„На идните студенти би им препорачала да не двоумат за програмата на Monday Learning.“

„На идните студенти би им препорачала воопшто да не двоумат,“ заклучува Анастасија. „Нема да направат грешка доколку се запишат на оваа програма. Самата програма е направена за почетници да ги совладаат алатките со помош на одлични ментори, кои настојуваат на кој било начин да помогнат. Ако се спремни да се посветат, програмата на Monday Learning е правото место за напредок и успех.“

Биди и ти дел од следната група на графички дизајнери кои започнуваат со изучување на тренинг програмата за графички дизајн во септември 2024.

Уписите се во тек!
Пријави се и добиј 20% попуст до 8-ми август!