Како да креираш Behance портфолио како почетник графички дизајнер?
Велат дека добриот дизајнер, по портфолиото се познава, па затоа доколку си почетник во светот на графичкиот дизајн, сигурно се прашуваш како најдобро да ги презентираш своите проекти пред потенцијалните клиенти и работодавци. За таа цел, Monday Learning ја креираше програмата за фриленсери која е наменета да ги насочи учесниците на тренинг програмата за графички дизајн како да изградат професионално Behance портфолио и да ја промовираат својата работа.
Во овој блог, ги пренесуваме основните аспекти што го прават овој дел од програмата толку важен и значаен за студентите и споделуваме дел од најважните чекори за креирање на успешно Behance портфолио како почетник графички дизајнер.
Што ќе научиш на фриленс програмата на Моnday Learning?
Програмата за фриленсери на Monday Learning вклучува модул посветен на креирање на Behance портфолио, што е есенцијален дел и важен чекор за студентите по завршувањето на тренинг програмата за графички дизајн. Модулот е фокусиран на градење на успешната идна кариера на нашите студенти, преку креирање на квалитетно и привлечно Behance портфолио како дел од нивната стратегија за успех. Целта на овој модул е студентите да стекнат практично знаење за тоа како да ги презентираат нивните креативни способности и како успешно да се пласираат на пазарот на труд. Освен тоа, важен аспект на овој модул e тоа што им помага на почетниците во графичкиот дизајн да стекнат самодоверба и предност во оваа конкурентна индустрија. Како резултат, по комплетирањето на програмата студентите на Monday Learning се подготвени за побрзо вработување и за успешна кариера.
Што е Behance?
Behance е специјално дизајнирана платформа која графички дизајнери и креативци ширум светот ја користат за да ја презентираат својата работа пред потенцијални клиенти и работодавци. Во модулот за креирање на Behance портфолио на фриленс програмата ќе научиш како да го користиш специјалниот project builder на Behance, како да го оптимизираш твоето портфолио, и ќе добиеш многу корисни совети од експерти во индустријата за успешно промовирање на твојата работа.
Ова се некои од најдобрите практики за градење на успешно Behance портфолио:
1. Идентификувај го твојот стил и „niche”.
Кога започнуваш со креирање на Behance портфолиo, потребно е да го идентификуваш твојот стил, такa наречен „niche”. Ова значи дека треба да ги утврдиш твоите примарни интереси и вештини во областа на графичкиот дизајн, односно да идентификуваш дали ќе се занимаваш со лого дизајн, веб дизајн, илустрации или можеби некој друг аспект на графичкиот дизајн.
Кога го идентификуваш твојот „niche”, всушност поставуваш фокус на областа каде твоите вештини, интереси и талент се најсилни. Важно е да ги идентификуваш твоите „јаки страни” бидејќи тоа ќе ти помогне да ги оптимизираш твоите креации и да ги насочиш кон целната публика. Откако ќе го идентификуваш својот стил, можеш да создадеш портфолио коe ќе биде релевантно за клиентите кои го бараат точно она што ти го нудиш.
2. Креирај јасен и привлечен дизајн.
Портфолиото треба да биде организирано на начин кој ќе биде лесен за навигација и привлечен за работодавците. Проектите кои ќе бидат претставени на твоето портфолио треба да бидат логично групирани според видот на дизајнот, клиентите или типот на проектот. Секој проект треба да има свој наслов, краток опис и слики кои го прикажуваат твојот креативен процес. Исто така, важно е да се вклучат и актуелни информации за контакт, како е-пошта или линк до твојот профил на социјалните мрежи. Ова ќе им овозможи на заинтересираните работодавци брзо и лесно да те контактираат за можност за потенцијална соработка.
3. Оптимизирај ги твоите проекти.
Оптимизацијата на секој проект во твоето Behance портфолио е клучен аспект за успешно претставување на твојата работа. Ова се неколку начини како можеш успешно да ги оптимизираш проектите во твоето портфолио:
- Додади детали за проектот: Вклучи детални информации за секој проект, како што се целта на проектот, предизвиците со кои си се соочил/а, процесот на дизајнирање и сл. Овие детали помагаат да се илустрира твојот креативен процес и процесот на решавање на предизвиците.
- Напиши соодветен опис: Во овој дел од оптимизацијата на проектот треба да се објаснат твоите дизајн одлуки и концепти. Образложи ги изборите што си ги направил/а во врска со боите, типографијата, композицијата и други аспекти на дизајнот. Ова ќе им помогне на работодавците и клиентите да го разберат твојот дизајн процес и одлуки.
- Вклучи feedback од клиентите: Приложувањето на feedback дополнително ги илустрира успешноста и влијанието на твојата работа. Овој дел може да вклучува препораки, рецензии или реакции на социјалните мрежи.
4. Промовирај го твоето портфолио.
Промовирањето на твоето Behance портфолио на различни онлајн платформи и социјални мрежи е клучен аспект за успешната кариера во графичкиот дизајн. Активно споделувај ги твоите проекти на различни социјални мрежи како што се Facebook, Twitter, Instagram, и LinkedIn. Креирај атрактивни постови кои ги истакнуваат твоите проекти и го привлекуваат вниманието на твоите следбеници. Дополнително, придружи се на веб-сајтови и платформи како Dribbble, Adobe Portfolio, DeviantArt и други. Овие платформи обезбедуваат дополнителна можност за експонирање на твојата работа.
Програмата за фриленсери на Monday Learning создава значителна вредност за графичките дизајнери, помагајки им да го изградат и развиваат своето присуство и влијание во овој креативен сектор. Приклучи се на тренинг програмата за графички дизајн и добиј ја фриленс програмата на Monday Learning бесплатно, и изгради професионално Behance портфолио кое успешно ќе те донесе до твојата прва работа.
Пријави се тука.