Monday LearningГрафички дизајн Дизајните на Елена Димовска од 3 месечната тренинг програма за графички дизајн
dizajnite na Elena Dimovska

Дизајните на Елена Димовска од 3 месечната тренинг програма за графички дизајн

Студентите на интензивната 3 месечна тренинг програма за графички дизајн во Monday Learning ни раскажуваат за стекнатите знаења и искуството со менторите на тренинг програмата. Во оваа блог објава зборуваме со Елена Димовска, посветена учесничка на 3 месечната програма за графички дизајн. Елена ни открива што ја привлече да започне со учење на графички дизајн и споделува дел од нејзините дизајни изработени за време на програмата.

„Се пријавив на тренинг програмата за графички дизајн бидејќи сакам да напреднам во своите вештини.”

Ме привлече креативниот аспект на графичкиот дизајн и можноста да ги изразувам моите идеи преку визуелни елементи. Се пријавив на тренинг програмата, бидејќи сакам да станам подобра во своите вештини и добијам додатна обука во областа на графичкиот дизајн.

„Сакам да работам на креирање иновативни и уникатни дизајни.”

Најмногу сакам да работам на креирање иновативни и уникатни дизајни, особено во области како брендинг, а како омилена алатка би ја издвоила Adobe Photoshop, поради неговата моќна функционалност и многуте можности за креативно изразување.

„Тренинг програмата ми беше од голема помош во разбирањето на основните принципи на дизајн и визуелна комуникација.”

Tренинг програмата за графички дизајн на Monday Learning ми беше од голема помош и корист во разбирањето на основните принципи на дизајн и визуелна комуникација. Научив за композиција, користење на бои, типографија и важноста на конзистентноста во дизајнот. Тоа ми помогна да ги подобрам своите вештини и креативност.

„Програмата обезбедува добро структурирани и образовни ресурси за изучување графички дизајн.”

Моето искуство со Monday Learning беше многу задоволително. Програмата обезбедува добро структурирани и образовни ресурси за изучување графички дизајн и менторите се одлични. Топло ви ги препорачувам на сите вас кои сте на пат за нов шифт во животот.

Биди дел од следната група на графички дизајнери кои започнуваат со изучување на тренинг програмата за графички дизајн во април 2024. Уписите се во тек! Пријави се тука.