Monday LearningДигитален маркетинг Континуираното учење нови дигитални вештини е клучно за професионален развој

Континуираното учење нови дигитални вештини е клучно за професионален развој

Студентите од тренинг програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning пишуваат за светот на дигиталниот маркетинг и искуството со нашата програма! Како дел од модулот Content Writing и SEO, нивна задача беше од почеток да креираат и целосно да оптимизираат текст за нашиот блог. Денес ја споделуваме приказната на Филип кој ни раскажа како од најмала возраст учи и совладува нови алатки и вештини.

Што научив на програмата за дигитален маркетинг?

Дигиталниот маркетинг е професија која во денешно време е од големо значење доколку се занимавате со некој бизнис. Оваа област е доста разновидна и составена од интересни делови, кои на моја среќа имав можност да ги научам на тренинг програмата за дигитален маркетинг во Monday learning.

Како што веќе напоменав дигиталниот маркетинг е широк поим кој е составен од разновидни модули. За сите тие модули имав можност да учам на оваа програма. Се стекнав со знаење во областа на content marketing, email marketing, lead generation, Google ads, Social media marketing. Исто така ги проучив алатките како Canva, Google ads, WordPress и Meta business. Најмногу ми се допадна што предавањата беа проследени со практична настава и тимска работа. Сметам дека тоа е позитивна работа, бидејќи од самиот почеток се соочуваш со проблеми, добронамерни критики и пофалби од кои сите знаеме дека се учи повеќе.

Омилена алатка со која сакам да работам и од каде црпев инспирација во текот на моето учење

Од се она што научив, најголем впечаток ми остави креирањето реклами за социјалните мрежи, поточно Facebook. А за омилена алатка би ја издвоил алатката Meta business. Благодарение на неа сфатив како се изработени сите реклами кои постојано ни излегуваат на социјалните мрежи. Но, сега разликата е во тоа што и самиот можам да изработам таква реклама. Сметам дека во денешно време неизбежно е рекламирањето на социјалните мрежи како најефикасен начин за рекламирање, па затоа ми беше и најинтересно.

Преку целата програма ми беше потребна инспирација, која најчесто ја наоѓав преку Pinterest и Google. Во дигиталниот маркетинг има многу стратегии кои носат подобри и поголеми резултати, а голем дел од нив имав можност да ги совладам на оваа програма.

Моето искуство за време на оваа програма и совет за сите вас

Оваа тренинг програма за дигитален маркетинг ми донесе нови корисни вештини, искуство и знаење кое подоцна може да се претвори во професија. Како 17 годишник мило ми е што се стекнав со нови знаења, кои ми овозможија да го проширам моето размислување и снаодливост. Посебно би издвоил благодарност до менторите, кои беа максимално посветени на нас и нашето совладување на материјалот. Моја препорака до сите кои сакаат да научат нешто повеќе во оваа област, нема да згрешат во нивната одлука доколку ја изберат програмата на Monday Learning.

Уписите за програмата за дигитален маркетинг се започнати.

Резирвирај си место ТУКА.