Monday LearningDigital marketing Од првиот час имаше пријатна атмосфера за работа и учење

Од првиот час имаше пријатна атмосфера за работа и учење

Студентите од тренинг програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning пишуваат за светот на дигиталниот маркетинг и искуството со нашата програма! Како дел од модулот Content Writing и SEO, нивна задача беше од почеток да креираат и целосно да оптимизираат текст за нашиот блог. Денес ја споделуваме приказната на Екатерина Аџиовска која ни раскажа како учи и совладува нови алатки и вештини.

„Со дигитален маркетинг за прв пат се запознав пред неколку месеци, кога започнав на тренинг програмата во Monday Learning. Навистина сум изненадена од знаењата и вештините кои ги стекнав за краток период. Како и секој почетник имав некои модули со кои потешко се снаоѓав, но благодарение на целокупното менторство од страна на Monday Learning, лесно ги совладав.

Што ме наведе да започнам со изучување на дигитален маркетинг.

Неодамна станав мајка и посакав целото време на светов да и го посветам на мојата ќерка, па така дадов отказ од моето работно место. Но, со текот на времето заклучив дека не сум само јас таа која и е потребна. Набрзо започна во градинка и јас добив повеќе слободно време. Моето време одлучив да го посветам на изучување на нови професионални вештини. Па така се приклучив на тренинг програмата за дигирален маркетинг на Monday Learning. А сега знам дека сум ја донела правилната одлука. 

Со самото запознавање на тимот, уште првиот час имаше пријатна атмосфера за работа и учење. Два часа активно предавање и работа ми изгледаа како две минути. Самата комуникација, разменувањето на идеи, откривањето на нови техники и алатки, беа едно ново позитивно искуство. Навистина поминав добро и пред се квалитетно вложено време во себе. Бескрајно сум благодарна на менторите на Monday Learning што несебично го делеа своето знаење и искуство. Ми помогнаа да можам посигурно да зачекорам во мојата нова кариера. Сега се чувствувам дека сум спремна да се впуштам во овие води и знам дека Monday ќе биде секогаш тука за поддршка.

Учењето дигитален маркетинг беше забавно, но пред се корисно.

За време на оваа тренинг програма се запознав со нови алатки, кои досега не сум имала можност да ги учам. Научив како се таргетираат и оптимизираат целни групи, како да се направи контент маркетинг. Најмногу се пронајдов со маркетинг за социјални медиуми и во креирањето на лендинг страна. Исто така би ја издвоила и Canva каде што имав можност да ја истакнам својата креативност.

Ова беше едно добро искуство и почеток на мојата нова кариера. Топло и искрено ги препорачувам Monday Learning и нивната програма за дигитален маркетинг. Освен тоа што ќе се стекнеш со нови знаења и вештини, ќе стекнеш и нови пријателства и познанства кои секогаш на сите ни се добредојдени. Зато не чекај и стани дел од новата група на дигитални маркетери и разбуди ја твојата креативност.

Уписите за програмата за дигитален маркетинг се започнати.

Резирвирај си место ТУКА.