Научи дизајн и припрема за печатење од експерти – Златко ‘Злте Никодиновски, ментор во Monday Learning
Со над 20 години работно искуство, Златко Никодиновски е признат експерт во дизајнот и подготовката за печатење и пакување. Неговата креативност и иновативност имаат клучна улога во развојот на бројни домашни и странски брендови. Како ментор на тренинг програмата за графички дизајн во Monday Learning, Златко Никодиноски го води модулот посветен на дизајн за печатење и пакување. Во овој модул, ја добивате можноста да научите за основите на дизајнирањето на печат, да го разберете процесот на креирање дизајни за печатење и пакување, и да се запознаете со практични примери и проекти од неговото работење со различни клиенти.
Во денешниот блог, Златко споделува свои искуства и ја истакнува важноста на модулот за дизајн за печатење и пакување. Тој ни споделува како изгледа еден час на неговиот курс, со какви знаења и вештини можете да се стекнете, и што го прави неговиот модул клучен за развојот на вашата кариера во графичкиот дизајн.
„Графичкиот дизајн е професија која е дел од мене.“
За мене, графичкиот дизајн е повеќе од професија – тоа е дел од мојата идентитет и начин на живот. Моето портфолио не е обновено со нови проекти веќе подолг период, главно поради недостаток на време. Не сум склон да се фалам со одделни проекти и искрено гледам на графичкиот дизајн како на професија која е интегрален дел од моето постоење. Сметам дека најдобрите проекти се оние што носат најголемa вредност. Во моето портфолио може да се најдат примери од моето минато работење, и можеби во блиска иднина ќе успеам да додадам нови проекти.
„Колку повеќе се развива идејата, толку попрецизен станува нејзиниот израз.”
Кога станува збор за важноста на модулот за дизајн за печатење и потребното знаење на дизајнерот, верувам дека вистинскиот дизајнер треба да има широк спектар на знаења. Додека социјалните медиуми и дигиталниот дизајн се актуелни, печатената индустрија останува основа за креација и идеја. Познавањето и владеењето со алатките за печатење е клучно за пронаоѓање на визуелни решенија. Затоа, секој кој сака да се занимава со графички дизајн треба да има солидно разбирање на процесите на печатење.
„Печатените материјали се сè помалку присутни во дигиталната ера.”
Многу списанија, весници, магазини и стручна литература сега се достапни само во дигитална форма. Иако за нас, дизајнерите, тоа не ја менува суштината на нашата работа, печатната индустрија чувствува големи промени.
„Уметноста на дизајнот лежи во способноста да се направи нешто што е и функционално и визуелно привлечно.”
Добриот дизајн треба да биде визуелно привлечен и практичен за корисниците, како и ефективно да решава конкретни проблеми и да ги исполнува потребите на публиката.
„Успехот на нашите учесници и нивното вработување е одличен показател за квалитетот на тренинг програмите на Monday Learning.”
Менторството за мене беше вооедно предизвик и многу вредно искуство. Многу ми е важно да се уверам дека учесниците го разбираат материјалот, па затоа секогаш се враќам на нејаснотиите и се трудам да ја поедноставам содржината на најразбирлив начин. Поголемиот број од учесниците што се запишале на тренинг програмата за графички дизајн веќе се вработени и тоа особено ме радува. Тоа е одличен показател квалитетот за тренинг програмите на Monday Learning.
Приклучи се на следната група дизајнери кои почнуваат во Септември. Аплицирај тука.