Monday LearningТренинг за фриленсери

Бесплатна програма за фриленсинг.

2 неделна тренинг програма за фриленсинг на која ќе научиш да работиш самостојно на проекти како фриленсер, да комуницираш со клиенти, ќе совладаш соодветни платформи и алатки за работа, како да го презентираш твојот проект.


Дознај повеќе

Како да бидеш дел?

Приклучи се на некоја од нашите програми и добиј ја програмата за фриленсери! ​Учесниците кои се дел од нашата обука за графички дизајн или дигитален маркетинг, оваа тренинг програма ја добиваат бесплатно.

Тренинг програма за графички дизајн​

3 месечна тренинг програма за графички дизајн на која ќе ги научиш најбараните вештини и алатки, притоа создавајќи професионално портфолио со проекти од неколку различни клиенти.


Види програма

Тренинг програма за дигитален маркетинг​

2 месечна тренинг програма за дигитален маркетинг на која ќе научиш да ги користиш најбараните дигитални алатки, техники и канали за ефикасно управување со бизнис и водење на маркетинг кампањи.


Види програма

Што добиваш од програмата за фриленсери?​

Приклучи се на некоја од нашите програми и добиј ја програмата за фриленсери! ​Учесниците кои се дел од нашата обука за графички дизајн или дигитален маркетинг, оваа тренинг програма ја добиваат бесплатно.

Сеопфатни практични предавања

Секој час опфаќа различен сет на тактити и стратегии кои ќе му помогнат на секој учесник во почетокот на неговата фриленс кариера. Благодарение на искусните ментори, секој учесник ќе има шанса да се запознае со процесот на фриленсерство преку реални и практични примери.

 

Конкретни чекори кои носат успешна фриленс кариера

За време на лекциите, учесниците ќе научат кои конкретни чекори да ги превземат. Ќе ги совладаат алатките за градење на сопствен бренд. Соодветно ќе ги оптимизираат профилите и ќе научат како да комуницираат со клиент. Ќе развијат присуство на фриленс платформите и ќе се запознаат со начините за поврзување со релевантни професионални заедници. Студентите од тренинг програмата за графички дизајн ќе научат како да креираат свое портофолио на Behance.

Еден на еден менторство

Студентите ќе работат под индивидуално менторство на професионалец во областа, добивајќи насоки и препораки како да бидат проактивни и да користат успешни тактики за брендирање; како до брзо и лесно градење на професионално CV и портфолио и како до креирање и оптимизирање на добар LinkedIn профил.

Развивање на онлајн присуство.

Ќе научиш како да се брендираш и да развиеш присуство на интернет, со цел клиентите полесно да те најдат;

Промовирање на самите себе како експерти.

Ќе научиш како правилно да се промовираш како експерт во твојата област. Ќе научиш да креираш веб-страница, каде ќе можеш да споделуваш објави или други релевантни ресурси со твојата публика;

Поврзување со фриленс заедница.

Ќе научиш маркетинг стратегии за да допреш до поширока публика, воедно ќе имаш можност за поврзување со релевантни фриленс заедници; 




Monday Leaning & Native Teams

Monday Learning во соработка со мрежата на фриленсери од Native Teams нуди посебни бенефити за сите кои сакаат да станат фриленсери во областа на графички дизајн и дигитален маркетинг. Доколку си дел од нивната заедница нашите програми ги добиваш со 20% попуст. 


Дознај повеќе

За нас

Monday Learning ми го покажа правилниот пат во графичкиот дизајн, ме насочи да гледам, работам и размислувам креативно во графичката визуализација и да работам како фриленсер.

Бобан Зуламовски
Графички дизајнер
Секоја почит, врвни во предавањата. И покрај тоа што немав никакво познавање од програмите се стекнав со вистинско искуство за цел живот благодарение на одличните предавачи.

Христина Митреска
Специјалист за социјални медиуми
Одлично искуство, одлични ментори и одлична програма. Презадоволна сум, бидејќи научив многу благодарение на менторите кои детално го објаснија секој дел од работата како фриленсер.

Мирјана Шопоска
Дигитален маркетер

Уписите се во тек!

Биди дел од следните групи креативци кои учат за да работат. 


Аплицирај



Facebook-f


Linkedin


Instagram

© 2022 Monday Learning