Monday LearningДигитален маркетинг За програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning – Битола
obuka za digitalen marketing bitola

За програмата за дигитален маркетинг во Monday Learning – Битола

Со над 50 часа тренинг, практични задачи и чекор по чекор асистенција на менторот, тренингот за дигитален маркетинг нуди сеопфатен процес на учење покривајќи ги најактуелите алатки и техники за дигитален маркетинг во 2021 година.

Тренингот е исклучиво интерактивен и вклучува работа на 5 различни клиенти од различни индустрии за период од 3 месеци. На секој од модулите ќе се користат различни алатки и техники соодветни на тематиката и ќе се работи директно на идеја и проект од клиент. Целта на тренинг програмата е секој да ги научи чекорите да лансира еден бизнис на дигитални канали почнувајќи од нула и да стекне способности веднаш да преземе работа на задачи од областа на дигитален маркетинг.

Од што се состои програмата?

Од креирање дигитална маркетинг стратегија, маркетинг на социјални медиуми, содржински маркетинг, креирање стратегија за генерирање нови корисници, креирање функционална лендинг страна и e-mail маркетинг автоматизација, рекламирање на Google, аналитика и SEO – во текот на програмата ќе ја испиташ улогата на дигиталниот маркетинг во рамките на процесот на интегрирани маркетинг комуникации.

  • Ќе научиш да планираш успешни маркетинг стратегии за различни платформи, комплетно да ги имплементираш и оптимизираш.
  • Ќе научиш како да правиш содветно истражување на пазарот и анализа на конкуренцијата.
  • Ќе го оцениш влијанието на еден дигитален маркетинг план врз деловните цели, временските рамки и буџети.
  • Ќе ги совладаш и извежбаш алатките кои се најбарани за успешна работа на еден дигитален маркетер.
  • Ќе се запознаеш со можностите на најкористените техники за успешна имплементација на една дигитална маркетинг стартегија, преку работа на маркетинг стратегии за клиенти.
  • Ќе го извежбаш процесот на креирање соодветни содржини преку зададен бриф од клиент.
  • Ќе научиш да ги користиш алатките за креирање содржини преку практични задачи и насоки од менторот кој ќе те води чекор по чекор низ секоја практична задача.

За кого е наменет еден ваков тренинг?

За учество во тренинг програмата не е потребно претходно искуство. Обуките се наменети за сите кои сметаат дека не го искористиле својот креативен потенцијал и сакаат да одат чекор напред во нивната кариера, да стекнат дигитална независност, да научат барана вештина на пазарот на труд и професионално да се развиваат. Особена корист би имале сопственици на компании кои не знаат од каде да започнат со маркетинг активности како и сопственици на веб-страници и е-commerce сајтови кои сакаат да добијат сообраќај и продажби. Тренинг програмата е соодветна почетна точка за индивудуалци кои сакаат да градат кариера во дигитални агенции, софтверски компании или маркетинг агенции.

Кои се можностите после завршување на програмата?

Со внимателно следење, посетување на сите работилници и решавање на сите задачи секој учесник после завршување на програмата ќе си замине со соодветни теоретски и практични знаења кои веднаш може да ги примени и имплементира во својата работа. Студентите кои ќе имаат најдобар перформанс ќе имаат можност да продолжат со пракса и вработување во Monday, или ќе бидат поврзани со нашите партнерските компании.

Ве очекуваме на тренинг за дигитален маркетинг во Monday Learning – Битола. Местата за програмата се ограничени согласно COVID19 протоколите. Резервирај го твоето место тука.