Кој ќе дизајнира победничко лого за клиент?
Лого дизајн предизвик со студентите од Monday Learning.
Учесниците од тренинг програмите во Monday Learning ќе дизајнираат во реално време на бриф од реален клиент. Приклучи се за да го следиш креативниот процес на нашите студенти или дизајнирај паралелно со нив и прати ни го твоето решение за да добиеш попуст на програмата за графички дизајн!
- Почеток: понеделник, 7ми март
- Време: 18:00 часот
- Место: Online, ZOOM

Бојана Тошевска
Графички дизајнер

Мартин Петровски
Графички дизајнер

Емилија Петрова
Графички дизајнер
Бриф
Студентите и публиката ќе добијат бриф од реален клиент на кој ќе треба да имаат готово решение за најмногу 45 минути.
Дизајн
Студентите го скицираат и го дизајнираат нивното решение користејќи ги вештините кои ги стекнаа на програмата.
Решение
Модераторот и клиентот ги коментираат логоата од студентите и даваат препораки за нивно подобрување.
Стекни искуства од експерти
Модераторот и клиентот ќе ја следат и коментираат работата на студентите, а во меѓувреме со публиката ќе ги споделат нивните искуства како графички дизајнери. Ќе зборуваат за процесот на дизајнирање на едно лого и соработката со клиенти додека публиката може да постави прашања и да добие одговор за сѐ во врска со лого дизајн.
Приклучи се на предизвикот!
Ентузијаст си за лого дизајн, сакаш да работиш графички дизајн или едноставно сакаш предизвици? Приклучи се на предизвикот, следи го брифот, дизајнирај лого и прати ни го! Менторите ќе ти дадат фидбек, а публиката ќе одлучи за најдобро лого од публиката. Најдобрите решенија од публиката ќе добијат попуст за посетување на тренинг програмата за графички дизајн.
За Monday Learning

Monday Learning ми го покажа правилниот пат во графичкиот дизајн, ме насочи да гледам, работам и размислувам креативно во графичката визуализација.
Бобан Зуламовски
Графички дизајнер

Христина Митреска
Маркетер

Одлично искуство, одлични ментори и одличен курс. Презадоволна сум од курсот, бидејќи научив многу благодарение на менторите кои детално го објаснија секој дел. Предобра организација.
Мирјана Шопоска
Продажба и маркетинг