fbpx
Monday LearningГрафички дизајн Студентите од Monday Learning визуелно ја пренесуваат мисијата на Глобалната Недела на Претприемништво

Студентите од Monday Learning визуелно ја пренесуваат мисијата на Глобалната Недела на Претприемништво

Студентите од тренинг програмата за графички дизајн во Monday Learning уште еднаш се покажаа во одлично светло со своите инспиративни дизајни! Како дел од нивната практична работа се вклучија во креирањето на промотивна кампања за клиент. Оваа година во рамки на најголемиот настан за претприемништво кој се одржа од 14ти до 20ти ноември, студентите имаа задача да ја визуелизираат мисијата и вредностите на Глобалната Недела на Претприемништво.

Што претставува Глобалната Недела на претприемништвото?

Глобалната Недела на Претприемништво е колекција од илјадници настани, активности и натпревари секој ноември. За време на неделата милиони учесници и посетители го истражуваат својот потенцијал како претприемачи додека негуваат врски и ја зголемуваат соработката во рамките на нивните екосистеми. Глобалната недела на претприемништво се прошири во 170+ нации од нејзиното започнување во 2008 година. Ја сочинуваат над 20,000 партнерски организации кои сега служат како ‘рбет за градење заедница на GEW. Преку настаните, Глобалната мрежа за претприемништво бара универзалност, стремејќи сe да врши инклузија на поединци и заедници кои традиционално се соочиле со бариери за претприемништво без разлика дали се малцински групи, бројни традиционални институции или оние што се наметнуваат на страна со силна конкуренција.

Студентите од програмата за графички дизајн визуелно ги пренесоа универзалните вредности на GEW

Дигиталната агенција Мonday стои зад визуелизација и брендингот на оваа кампања веќе трета година, а студентите од Мonday Learning имаа можност да видат како се работи за еден ваков проект познат во светски рамки. Две години по ред, Глобалната Недела на претприемништво во Македонија е номинирана во категоријата најдобар брендинг. Оваа година студентите учествуваа во креирањето на постер кампања, ја покажаа својата имагинација на дело и активно се вклучија со свои идеи. Главната задача беше да се изработи промотивна постер кампања, а ова се дел од креативите на студентите.

Со практична примена на стекнатите вештини до инспиративни дизајни

Користејќи моќни бои и слогани кои оваа година беа дел од брендингот, студентите доловија храбар, а истовремено и препознатлив брендинг на Глобалната недела. Студентите ја работеа оваа кампања во рамки на модулот Дизајн на постер. Со креативно користење на алатката Adobe Illustrator и практичните вештини стекнати на овој модул, решенијата кои ги добивме се повеќе од одлични. Резултатот е храбра постер кампања која успешно ја пренесува пораката на Глобалната Недела на Претприемништво.

Работата на проекти со вистински импакт на заедницата е она што ги носи студентите во Monday Learning чекор понапред во нивниот професионален развој. Следните групи дизајнери започнуваат со учење во март 2022. Биди дел од заедница која учи за да создава! Уписите се започнати. Приклучи се.

Резервирај си место за тренинг програмата за графички дизајн.