fbpx
Monday LearningГрафички дизајн Габриела се приклучи во Monday тимот по само 3 месеци тренинг програма за графички дизајн
графички дизајн

Габриела се приклучи во Monday тимот по само 3 месеци тренинг програма за графички дизајн

3 месеци интензивно учење графички дизајн, ја претворија Габриела од студентка по право во графичка дизајнерка спремна за работа! Од овој месец таа е дел од дизајн тимот во Monday каде веќе самостојно работи на клиенти и ги искористува знаењата стекнати за време на тренинг програмата за графички дизајн во Monday Learning. Денес го споделуваме нејзиното искуство со програмата и предизвиците со кои се соочи во процесот на учење и работа.

Најпрво честитки за новата работа! Како ти помогна тренинг програмата во Monday Learning веднаш да започнеш со работа во креативниот тим на Monday?

Пред се сакам да ја искажам мојата благодарност за тоа што веднаш после тренинг програмата во Monday Learning добив шанса да станам дел од дизајн тимот на Monday. Многу ми е мило што можам да учам и напредувам, а и моето прво работно искуство како графички дизајнер да го започнам токму тука. Вештините стекнати во текот на тренинг програмата навистина многу ми помогнаа при започнување со работата, а најважно од се е што истите се доста применливи. Сметам дека вештините стекнати од сите модули, а воедно и модулот за социјални медиуми навистина придонесoa за побрзо да се снајдам со еден ваков предизвик.

Кој ти беше најголемиот предизвик за време на тренинг програмата и како се справи со него?

Најсилниот предизвик за време на целата програма беше да се остани доследен во правењето на сите вежби кои ни беа доделувани после секој час, но исто така би го навела и тој континуитет кој мораше да се запази. Најголема стимулација во текот на тренинг програмата ми беше тоа што навистина ја имавме целата слобода креативно да се изразиме. Воедно исто би го споменала и фидбекот којшто несебично го добивавме од професионалните ментори коишто беа навистина прекрасни и секогаш достапни за да ни дадат свој совет од своето долгогодишно искуство, кој многу значи во овој степен на учење на графички дизајн.

Што те мотивираше најмногу за време на твојот процес на учење и креирање?

Најмногу ме мотивираат луѓето и слободата којашто ја имам во самото креирање на дизајните. Исто така голема мотивација ми беа советите и фидбекот коишто ги добивав од страна на менторите и соучениците, а тоа беше и една од главните причини да учам и вежбам што повеќе и да напредувам како почетник во оваа област.

Која е твојата најјака страна и омилена алатка во дизајнот?

Морам да признаам дека уште од првиот ден кога се запознав со функционирањето на Photoshop едноставно бев воодушевена од сите можности кои ги нуди истата програма. Навистина оваа моќна алатка нуди огромни можности да ја изразиш својата идеја и замисла, а истата таа да изгледа доста кул и интересна. Сега ја користам секојдневно во работата за клиенти, најчесто во делот на дизајни за социјални медиуми.

Што ќе им порачаш на идните графички дизајнери?

Мојот совет до сите оние коишто се двоумат дали да се впуштат во ваквата креативна индустрија е да веруваат во себе и колку тоа да звучи банално и да го победат стравот за испробување на нешто ново. Нека не се плашат да пробаат нешто поразлично или пак да направат промена во својата професија, во своето хоби и слично бидејќи само со храброст и работа се постигнува посакуваната цел.

Приклучи се на следната група дизајнери кои почнуваат во април 2024. Аплицирај тука.